Французинот Бернар Арно стана најбогатиот човек во светот

- Advertisement -

Најбогатиот Французин, сопственикот и директор на компанијата LVMH, Бернар Арно, го претекна Џеф Безос, основач на Amazon, и според листата на Forbеs „real time“ е најбогат човек во светот. .

Имотот на Арно сега се проценува на 117 милијарди долари, откако акциите на неговиот конгломерат LVMH, кој се занимава со производство на луксузна стока, пораснаа за 1.66%.

- Advertisement -

Од друга страна, Amazon во последната трговска сесија во петокот изгуби 0,7% од вредноста, што доведе до тоа Безос да падне на второ место со богатство од 115,6 милијарди долари.

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, остана на трето место со богатство од 110,6 милијарди долари. Од Forbеs истакнуваат дека Гејтс и понатаму би бил на прво место на листата со најбогати луѓе во светот да не донирал 35,8 милијарди долари во добротворни цели. *

Сподели!
- Advertisement -