ВИДЕО: 2019 беше втората најтопла година откако постојат мерења на температурата

- Advertisement -

Следењето на временските појави и услови трае повеќе од 100 години, но податоците кои се забележани во последните десет години поставуваат нови рекорди. Така, НАСА објави дека температурата на Земјата во 2019 година била втората највисока во историјата, односно откако системски се мери температурата.

Глобалната температура во 2019 година била 1,1 степен Целзиусов повисока отколку на крајот на 19 век, а повисока температура е измерена само во 2016 година.

- Advertisement -

Од НАСА предупредуваат дека тоа е доказ за долгорочниот тренд на загревање на Земјата затоа што петте најтопли години откако постои мерење всушност биле последните пет години.

Деценијата која само што заврши е најтоплата деценија отколко бележиме мерење на температурата. Секоја деценија од 1960-тите години досега е потопла од претходната.

- Advertisement -

Користејќи климатски модели и статистички анализи на податоците за температурата во светот научниците заклучија дека растот на температурата е предизвикан од емисијата на јаглерод диоксид и други стакленички гасови кои ги произведуаат луѓето.

Научницигте се особено загрижени затоа што во изминатите 50 години акртичкиот регион се загрела трипати повеќе од остатокот од светот. Тоа придонесува за топење на ледот и покачување на нивоата на морињата и океаните.

Сподели!
- Advertisement -