Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја соопшти својата одлука за новите цени на горивата. Според одлуката, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,32%.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета. Тоа значи дека и неделава ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 68 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе чини 70 денари.

- Advertisement -

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,5 денари за литар. Така, ЕУРОДИЗЕЛ од ноќеска на полноќ ќе се продава по 61 денари за литар, додека екстралесното масло за домаќинство 50 денари за литар.

Сподели!
- Advertisement -