Започнува Светскиот економски форум во Давос

- Advertisement -

Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, започнува денеска и ќе трае до 24 јануари.Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса”.

На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување на нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.

- Advertisement -

Форумот и покрај критиките дека е собир на богати и славни, сепак, според оценките на неговите организатори, е обид да се предвидат идните предизвици за човештвото. Речиси 3 000 претставници од 118 земји се очекува да допатуваат во швајцарското одморалиште Давос на Светскиот економски форум, кој ја слави 50 годишнината од своето постоење.

Американскиот претседател Доналд Трамп кој е меѓу 53 шефови на држави и влади што треба да присуствуваат, заедно со стотици деловни лидери и активисти на граѓанското општество, меѓу нив и Грета Тунберг.

Сподели!
- Advertisement -