Инстаграм го уништува ова бајковито село!

- Advertisement -

Опкружено со снег изгледа како сцена од филмот Frozen, ова село се обидува да ги обесхрабри туристите поради многу добра причина.

Станува збор за селото Халштат во Австрија, за кое се претпоставува дека било инспирација за познатиот филм на Дизни, пишува The Sun. Ова место е прогласено за “најинстаграм место на светот“. Алпското село е дом за само 780 луѓе и од страна на Унеско во 1997 година е прогласено за светско богатсво.

Ова место почна да привлекува многу повеќе туристи откако во 2006 година се појави на туристички саем во Јужна Кореа. По успехот пак на Frozen во 2013 година стана уште попопуларно. Откако Халштат почна да се поврзува со измислениот град Арендел во филмот, неговата популарност експлодираше.

- Advertisement -

Селото привлекува околу 10.000 посетители дневно, а бројката на годишно ниво достигнува до милион посетители. Халштат сега има повеќе туристи по глава на жител од Венеција. Ситуацијата толку ескалирала што некои од туристиет почнале да влегуваат во куќите на жителите за да користат тоалет.

Затоа, градоначалникот Александер Шеуц ги замоли толпите туристи да остана подалеку од селото.

- Advertisement -

“Халштат е важно дело на културната историја, а не е музеј. Сакаме да го намалиме бројот на туристи барем за третина, но немаме начин да ги запреме“, изјави тој.

Дел од жителите пак не се согласуваат со оваа постапка и го сметаат селото за “рудникк на злато“ со оглед на тоа дека собите за една ноќ чинат и до 400 евра.

Colorful town square in Hallstatt, Austria
Сподели!
- Advertisement -