Ако сакате да се исклучите од интернет и од социјалните мрежи, Ирска можеби е вистинското место за вас. Поточно, островот кај брегот на Ирска воедно е и најзападна точка во Европа. Големиот остров Бласкет бара двајца луѓе кои ќе се преселат таму и ќе работат шест месеци – од април до октомври – објави на Twitter туристичкиот центар на островот.
„Неопходна е уникатна позиција – бараме долгорочно управување со сместувањето и кафулето на островот. Пар или двајца пријатели. Од 1 април 2020 до октомври 2020. Сместувањето и храната се обезбедени“ пишува во твитот.
Во објавата не е наведена плата за оваа позиција. Инаку, островот е познат по својата дива средина и идиличната околина, но поради нераниот терен стана ненаселено подрачје. Најголем број луѓе кои некогаш живееле во Бласкет е 160.
Исто така, водата за пиење е ограничена, а од посетителите се бара да си понесат вода со себе. Понатаму, островот нема пристап до интернет, нема струја или топла вода за туширање. Има мала електрана на ветар, која создава доволно енергија за полнење на еден уред, така што не се потполно отсечени.
Идеалните кандидати мора да имаат добра кондиција, добри меѓучовечки вештини и да бидат љубезни, пристапни и зборлести. Доколку сакате да знаете повеќе информации за оваа работна позиција, можете да испратите имејл на info@greatblasketisland.net.