Австрија ги отвори сите продавници

- Advertisement -

После речиси седум недели целосно затворање, ширум Австрија повторно се отворени трговските центри, фризерските салони и сите продавници со површина поголема од 400 квадратни метри.

Меѓу повторно отворените објекти се и продавници за електроника, модни синџири, продавници за мебел и продавници за спортска опрема. Ова е наредниот чекор кон постепеното враќање во нормала со задолжителни мерки за заштита.

- Advertisement -

Првиот чекор беше преземен пред две недели, кога беа отворени сите продавници помали од 400 квадратни метри, продавниците за градинарски и градежен материјал.

Фото – Commons.Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -