Tesla стана втората највредна автомобилска компанија во светот

- Advertisement -


Tesla го истурка германски Volkswagen од втората позиција и стана вториот највреден производител на автомобили во светот, веднаш зад јапонска Toyota. Главната причина за овој раст на вредноста на компанијата на Илон Маск е растот на пазарот за електрични автомобили во САД.

Последните три месеци вредноста на акциите Tesla порасна и повеќе од дупло, а пазарната капитализација неделава достигна 100 милијарди долари и го надмина VW со 99,4 милијарди долари вредност. Toyota се уште е на прво место со пазарна вредност од 233 милијарди долари.

- Advertisement -

Последниот скок на цената главно е резултат на добриот профит во третиот квартал, напредокот со фабриката во Кина и неочекувано добрата продажба на автомобили во четвртиот квартал. Многу инвеститори се скептични дека Tesla може да го одржи профитот, протокот на пари и растот.

Сподели!
- Advertisement -