Годинава би требало да започне изградбата на првиот хотел на компанијата Atari наменет за љубителите на видеоигри во Феникс, Аризона, а потоа се планира изградба на слични хотели во Лас Вегас, Денвер, Чикаго и во други американски градови.
Вкупно е планирано да се изградат осум хотели, а објавените фотографии откриваат препознатлив изглед со доминантното лого на Atari на предната страна од хотелот, кој изгледа прилично атрактивно. Сепак, на посетителите најважно им е што се наоѓа внатре.
Од Atari велат дека ова ќе биде нов возбудлив концепт на досега невидена гејемрска дестинација, која го поврзува уникатното искуство со легендарниот бренд. Во хотелите посебен акцент се става на последната технологија за проширена реалност. Исто така, при дизајнот ќе се размислува и за е-спортовите, па во нив ќе може да се одржуваат и турнири.
Засега не е познато какво поволности ќе нуди за љубителите на видеоигри, но веројатно во секоја соба ќе има гејмерски компјутери или играчки конзоли. Освен видеоигри, посетителите ќе можат да уживаат во базени, теретани, ресторани, па дури и кино-сали.