Нови Барби кукли – ќелави и болни од витилиго

- Advertisement -


Американската компанија Matel, која ги произведува најпознатите кукли во светот, Барби, претстави нови дизајни на куклата со кои ја прошири разноликоста на својот асортиман.

Компанијата објави дека преку новите кукли од линијата Barbie Fashionistas сака да го покаже повеќедимензионалниот поглед на убавината и модата. Минатата година колекцијата Fashionistas се збогати со кукла со поретска нога и кукла со инвалидска количка, која беше најпродавана Барби кукла во Велика Британија.

- Advertisement -

Компанијата сега ја прошири својата колекција кукли со протетски делови од телот додавајќи уште еден модел. Останатите кукли од линијата Fashionistas за 2019 година беа доста различен изглед, вклучујаќи и кукла со плетенки, реалистични тела и сл.

Компанијата Matel во својот асортиман на Барби кукли вклучи и кукли со различна боја на кожата, со различна боја на очи, различни фризури и облека. Во текот на 2017 година компанијата ја претстави и првата Барби кукла со хиџаб. Сега линијата Barbie Fashionistas се состои од повеќе од 170 различни кукли.

Сподели!
- Advertisement -