Илон Маск го претстави својот најнов производ – неговата прва песна

- Advertisement -

Милијардерот и основач на компаниите SpaceX и Tesla Motors, Илон Маск, денес до претстави новиот производ во кој сите можат бесплатно да уживаат – својата прва песна.

Маск на Twitter веќе го најави ова изненадување, но како и со сите негови налудничави идеи досега, никој не му поверува. Песната се вика „Don’t doubt yer vibe”, а се состои од неколку реченици кои се повторуваат: „Don’t doubt your vibe / because it’s true / don’t doubt your vibe / because it’s you”.

Маск, исто така, објави и свои фотографии од студиото каде што снимал. Не е познато дали оваа песна е првата од цел албум. Секако, Маск има причини да пее со оглед на тоа дека Tesla неодамна стана втората највредна автомобилска компанија во светот.

- Advertisement -

Слушнете ја песната:

Сподели!
- Advertisement -