Хакерите продаваат 30 милиони лични податоци од кредитни картички на dark web

- Advertisement -

После пробивањето на заштитата на податоците од кредитните картички која се случи во синџир продавници на источниот брег на САД, неделава беше откриена продажба на тие податоци на dark web.

Синџирот продавници Wawa објави вест за обид за продажба на податоците на 28 јануари, а според Gemini Advisory Board, компанија која идентификува сајбер закани, информациите од кредитните картички се пронајдени на интернет локацијата на продавницата Joker’s Stash, каде што се откриени податоци од 30 милиони кредитни картички.

- Advertisement -

Ова е досега трето по големина хакирање на на податоци од кредитните картички. Имено, кражбата на податоци која се случи во 2013 година влијаеше на 40 милиони луѓе, а пробивањето на заштитата кое се случи во 2014 година на безбедносниот систем на компанијата Home Depot ги изложи на опасност 50 милиони сетови на лични податоци.

Податоците се продаваат по цена од 17 до 210 долари по кредитна картичка, а ниските цени се поради фактот дека купувачите се свесни за кражбата на податоци од картичките повеќе од еден месец.

- Advertisement -

Синџирот продавници Wawa и понатаму ги повикува луѓето погодени од кражбата да ги проверат изводите од своите картички и да пријават каква било лажна активност.

Сподели!
- Advertisement -