ВИДЕО: Ова ракче е најмалиот робот во светот

- Advertisement -

Тим од американски научници го направи најмалиот робот со далечинско управување во светот, кој е висок само половина милиметар. Студијата за тој робот е објавена во списаниетот Science Robotics.

Овој најнов микроробот, иако уште не е спремен да се претстави на светот, навистина е импресивен. Неговите креатори тврдат дека изгледа и се движи како минијатурно ракче, а има и таква форма. Техниките кои ги развиле може да се користат и за креирање други минијатурни роботи во каква било форма.

- Advertisement -

„Нашата технологија овозможува различни модалитети на контролирано движење и може да се движи со просечна брзина од половина од должината на телото во секунда. Тоа е многу тешко да се постигне во толку мали размери за роботи кои одат по земја“ вели машинскиот инженер Јонгганг Хуанг од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис.

Технологијата на која се базира роботот првично е создадена пред осум години.Деловите на роботот се прицврстени на разтегната гумена подлога, а кога материјалот ќе се опушти, роботот излегува во својата работна форма. Со внималетно калибрирање на основните делови формата на роботот може прецизно да се контролира. Сличен пристап се користи кај подвижните делови на роботот, коие се направени од легури способни за паметење на формата. Овие материјали се менуваат меѓу две различни форми зависно од тоа дали се загреваат или не.

- Advertisement -

Ласерите, кои делуваат како далечински управувач, се користат за загревање на одредени делови од роботот. Така тие делови добиваат друга форма и го придвижуваат роботот. Нема потреба за батерии или мотор, а тенкиот стаклен слој на роботот осигурува дека компонентите ќе се врата во изворната форма додека се ладат.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -