Погледнете како изгледа Земјата од внатрешноста на орбиталната капсула Starliner на Boeing

- Advertisement -

Летот на орбиталната капсула на Boeing, Starliner, не помина според планираното, но затоа стигна уникатна снимка од внатрешноста на кабината од која се гледа што се случува. Првиот тест лет на капсулата Starliner на Boeing можеби не беше успешен како што беше планирано, со оглед на тоа дека леталото не успеа да стигне таму каде што требаше и да слета на Меѓународната вселенска станица, меѓутоа од тестот може да се научи многу.

Сепак, Boeing објави снимка од главните настани, кои се направени со четирите камери во капсулата. На нив се гледа внатрешноста на капсулата и што се случува во неа, како и уникатниот поглед низ капсулата. Во неколкуте први секунди од видеото може да се види лансирањето.

- Advertisement -

Иако изгледа дека во кабината седи човек, летот бил без екипаж. Во прашање е кукла која е облечена како астронаут и седи во пилотската кабина, а која ја нарекоа Роузи по феминистичката икона.

Сподели!
- Advertisement -