Apple привремено ги затвора сите свои продавници во Кина поради ширењето на корона вирусот. На кинеската страница на Appleпишува дека сите 42 продавници на кинесмо тло ќе бидат затворени до 9 февруари, но онлјан продажбата се уште функционира за кинеските купувачи.
„Поради внимателност и базирано на последните совети од врвни светските здравствени експерти, ги затвораме сите наши канцеларии, продавници и контакт центри во Кина заклучно со 9 февруари. Ќе ја следиме систуацијата и се надеваме што е можно поскоро да ги отвориме продавниците“ изјавија од Apple.
Речиси 12.000 случаи на заболени од корона вирусот се забележани на глобално ниво, а повеќе од 11.800 од нив се во Кина. Најмалку 26 други земји пријавија случаи на заболени од вирусот, меѓу кои тројца во Јапонија, двајца во Велика Британија и двајца во Австралија.
Пекинг презема досега невидени мерки за да го задржи вирусот во границите на земјата. Милиони луѓе во поголемите градови имаат забрана за излегување, а се продолжија и неработните денови по повод Лунарната Нова година.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, изјави дека изминатата недела секој ден детално ги чистеле продавниците со оглед на тоа дека таму влегуваат многу луѓе и ги допираат истите уреди. Исто така, постојано им се мерела телесната температура на вработените таму со цел да се спречи ширење на вирусот.
Продавниците во Кина придонесуваат со окол 15% во вкупните приходи на компанијата. Аналитичарите очекуваат директните последици од вирусот врз компанијата да бидат мали, но сето тоа зависи колку време ќе потрае ширењето на епидемијата.
И други поголеми компании ги затворија своите продавници во кина поради ширењето на смртоносниот вирус, меѓу кои Starbucks, Ikea, Google, Tesla, Samsung, Honda.