Њујорк ја задржа титулата водечки светски финансиски центар и ја зголеми својата предност во однос на второпласираниот Лондон поради неизвесноста околу Брегзит, при што на британската престолнина зад пети и се азиските финансиски центри.
Велика Британија во петок ќе излезе од Европската унија, при што се уште е неизвесен пристапот на европските клиенти до британскиот финансиски сектор после истекот на транзицискиот период во декември оваа година.
Имено, ЕУ е најголемиот клиент на финансиските компании со седиште во Лондон. Неизвесноста околу Брегзит е главната причина зошто Њујорк во истражувањето што го спроведе компанијата Duff & Phelps ја зголеми предноста во однос на Лондон.
Во истражувањето биле анкетирани 245 високи финансиски челници од разни полиња како банкарство, управување со имот и други финансиски компании од целиот свет. Според резултатите, 56% од испотаниците сметаат дека Њујорк е најбитен финансиски центар, што е за 33% повеќе отколку претходните две години.
Само 33% од испитаниците сметаат дека Лондон е најбитен фиансиски центар, што е за 20% помалку од претходните години. Сепак, во наредните пет години и Лондон и Њујорк може да ги изгубат водечките позиции на листата со оглед на неочекуваниот подем на градовите како Хонгконг, Сингапур и Шангај, покажало истражувањето.