Instagram ја воведе опцијата Take a Break за тинејџери

- Advertisement -

Социјалната мрежа Instagram воведе низа нови и експериментални функции чија цел е да ја направи платформата место за тинејџери. Пред се, официјално е воведена претходно најавената опција Take a Break, која е достапна во САД, Велика Британија, Канада и Австралија. Сега кога корисникот некое време прегледува содржини на Instagram, ќе добие нотификација да направи пауза и да постави потсетници за во иднина. Тинејџерите посебно ќе добиваат известувања да направат потсетници за да бидат запознаени со постоењето на таа опција. Исто така, ќе им бидат понудени совети на експерти за користење на социјалната мрежа.

Во март идната година Instagram ќе воведе алатки за родители и старатели кои ќе им овозможат да имаат увид во времето кое нивните деца го поминуваат на Instagram, како и да постават временски ограничувања. Тинејџерите ќе добијат опција да ги известат своите родители доколку пријават некого на социјалната мрежа, а тоа ќе служи како сигнал за возрасните дека треба да разговараат за нешто што се случува.

- Advertisement -

Една од експерименталните опции кои ќе бидат корисни за тинејџерите и адолесцентите е таа која им овозможува масовно да бришат фотографии и видеа од кога биле многу помали, како и да ги отстранат сите нивни лајкови и коментари. Оваа можност ќе биде достапна за сите во јануари 2022 година.

Уште една опција ќе биде проширувањето на она што е воведено претходно годинава, а се однесува на забраната за возрасни да испраќаат директни пораки на тинејџери кои не ги следат. На почетокот на идната година ќе биде укината опцијата возрасните да тагнуваат или да споменуваат тинејџери кои не ги следат, како да вклучуваат нивни содржини во Reels Remixes или Guides. Се анализира и можноста за дополнително ограничување на осетливите содржини кои ги гледаат тинејџерите, а моментално се работи на тоа корисниците да добијат предлог да преминат на друга тема доколку некоја тема следат многу долго време.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Negative Space)

Сподели!
- Advertisement -