Откриен патент на Apple за телефон со флексибилен екран

- Advertisement -

Иднината на пазарот за мобилни телефони им припаѓа на телефоните со флексибилен екран, веруваат аналитичарите. Таа револуција, иако не толку успешно, започна минатата година, а во текот на 2020 година можеме да очекуваме нови телефони со флексибилни екрани.

Засега преовладуваат две форми – уреди кои се користат како телефон и нивните екрани може да се отворат и потоа да се користат како таблет и телефони на преклоп, кои се отвораат вертикално и се слични на телефоните кои беа популарни пред 15 години. Тогаш еден од најпопуларните уреди беше Motorolа Razr, а таа компанија минатата година најави нова верзија на телефонот со флексибилен екран.

- Advertisement -

На тој пазар засега се присутни Samsung и Huawei, но изгледа дека наредниот голем иргач ќе биде Apple. Имено, неделава протекоа информации за патент на Apple за електронски уред со флексибилен екран и шари. Компанијата на Тим Кук минатата година пријави сличен патент за телефон со флексибилен екран, но тоа не значи дека можеме да очекуваме сосема нова верзија на iPhone затоа што пријавата на патентот не значи задолжително дека ќе прерасне во производ кој ќе можеме да го купиме. odel.

Освен тоа, компанијата е позната по тоа дека не брза со примената на нови технологии додека не се усовршени и подготвени. На пример, тие не бврзаат со 5G iPhone пред оваа мрежа од новата генерација да стае достапна за поголем број луѓе, а истото веројатно важи и за телефоните со флексибилни екрани.

Сподели!
- Advertisement -