7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Tip of the Week – Некој

Kabtel desktop

Сигурно и вас ве нервира кога не знаете со кого зборувате од другата страна на телефонот?

Сигурно и вас ве нервира кога треба да притискате милијарда копчиња за да дојдете до посакуваната информација (за ова притисни 1, за она притисна 2,… ако сакате ова притисни 1, ако сакате она 2….итн. итн., до недоглед)

Сигурно и вас ве нервира она копчено со кое потврдуваш дека не си робот?

Е, ова последново се случува само затоа што сè повеќе и повеќе не знаеме со кого комуницираме и се однесуваме со тие, од другата страна, како да е некој (безимен) односно никој и ништо. Последиците се тие.

Затоа:

  • Знајте со кого зборувате – кога ќе се јавите некаде, прво вие претставете се и побарајте да ви го кажат името на личноста со која разговарате. Ако не сте го слушнале убаво, побарајте да ви го повторат. Не е ОК да му згрешите име некому, но уште повеќе не е ОК, ако не знаете со кого сте зборувале.
  • Визит-карта – кога сте на некои настани, задолжително имајте визит-карта со вас со која ќе овозможите да го дознаат вашето име, но побарајте и другата страна да ви даде визит-карта. Ако немаат, пробајте да ги запомните неговите/нејзините контакти.
  • Вашето име – можеби вашето име мислите дека е лесно за помнење, но тоа не е секогаш така, особено ако соговорникот ви е странец. Знајте да го спелувате и убаво да го кажувате, доколку сакате да ве запомнат.
  • Запомнете ги имињата – доколку имате проблем со ова, најдете начин како да ги запаметите имињата на луѓето кои ви се претставуваат.  Јас тоа го правам со поврзување со настани и ако сум на некој настан, истата личност ја опишувам со мои зборови, за да знам која била таа личност.
  • Присутност во комуникација – кога комуницирате со некого (посебно по телефон), бидете присутни и фокусирани во комуникацијата, а не да чукате на компјутер, да зборувате со други итн. итн. Се забележува дека не сте присутни во разговорот и сосема е оправдано соговорникот да не сака во иднина да комуницира со вас.
  • Повторување – сме рекле неколку пати дека повторувањето е мајка на знаењето, па така и тука: повторете го името на личноста за време на комуникацијата неколку пати, навечер пред да си легнете (чисто како ревизија на денот) или, пак, кога сакате – повторете го!

Едно да знаете, кога не знаете со кого комуницирате, тоа дава сигнал дека личноста не ви е важна, односно дека е некој, односно никој и ништо. Како би ви било вие да сте тој/таа личност?

Со успех во промените,

@kalinbabusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •