- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите малопродажни цени на горивата, кои ќе важат до идниот понеделник. Според одлуката, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,41%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за 0,50 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар. Тоа значи дека во текот на оваа недела ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продаваат по цена од 65,50, односно 57,50 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 67,50 денари.
- Advertisement -
Еден литар екстралесно масло за домаќинство, пак, неделава ќе чини 46,00 денари, што е намалување од 1,50 денари во однос на минатата недела.
- Advertisement -