После многу проучување и неуспешни обиди, конечно е откриен принцип на кој би можеле да ги искористиме дождовните капки како извор на енергија. Претходните неколку години научниците безброј пати се обидувале да го искористат дождот за производство на електрична енергија. Сепак, сега се на чекор на револуционерно откритие затоа што успеале да развијат генератор кој го користи дождот за да произведе навистина висок електричен напон..
Само една дождовна капка може да создаде 140 волти, што е доволно за да се запалат 100 мали ЛЕД сијалички. Претходните генератори успеале да произведат илјада пати помалку енергија , тврдат научниците од Универзитетот Хонгконг.
Новиот дизајн на генераторот е составен од алуминиумска електрода и индиум-калај оксидна електрода, обложена со политетрафлуоретилен материјал со квазитраен електричен набој. Кога капката ќе падне на оваа површина, таа ги поврзува двете електроди и создава затворено струјно коло. Тоа овозможува целосно ослободување на собраниот електричен набој.
Оваа технологија може да поднесе и долготраен дожд. Ако на генераторот постојано паѓаат дождовни капки, електричниот набој се акумулира до крајниот капацитет. Треба уште да се работи на генераторот за од него да се направи практичен производ.