Samsung вечерва го претставува новиот флексибилен телефон и својот најголем телефон досега

- Advertisement -

За новата генерација паметни уреди на Samsung слушаме со месеци, а денес оваа јужнокорејска компанија и официјално ќе ги прикаже уредите на кои напорно работеле во последно време и со кои тргнуваат во освојување на мобилниот пазар. Ако гласините се вистинити, Samsung подготвил дури четири модели на смартфони, од кои најмногу внимание ќе привлече флексибилниот Z Flip.

За овој телефон завчера Samsung пушти реклама за време на доделувањето на Оскарите. Телефонот ќе личи на Motorolа Razr со флексибилен екран. Galaxy Z Flip нема да биде наменет за глобалниот пазар и се очекува дека компанијата ќе направи најмногу 5 милиони телефони, но во текот на годината, кога ќе се усовшри технологијата и ќе поевтинат тие телефони, Samsung ќе има предност над конкуренцијата.

- Advertisement -

Во однос на хардверот, се очекува Snapdragon 855 Plus, 8 GB RAM и 256 GB моморија, поддршка за 5G и дијагонала на екранот од 6,7 инчи. Се споемнува и сцена од 1.400 до 1.500 долари.

Освен флексибилниот телефон, се очекува Samsung да го претстави и својот најголем и најмоќен телефон досега, Galaxy S20 Ultra. Телефонот ќе има процесор Snapdragon 865, до 16 GB RAM и дијагонала на екранот од 6,9 инчи. Од задната страна ќе има четири камери, од кои главната ќе има 108 MP и ќе овозможи 100x зум, кој наводно од Samsung го нарекле Space Zoom.Цената која се споменува за овој телефон е околу 1.300 долари.

- Advertisement -

Што точно ќе претстави Samsung ќе дознаеме вечерва во 20 часот. Ако сакате да го следите настанот во живо, Samsung ќе има пренос во живот на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -