Samsung премиерно го покажа својот најнов телефон за време на Оскарите

- Advertisement -

Samsung повторно изненади на свеченото доделување на наградите на американската филмска академија, кое се одржа во Лос Анџелес. Иако овој пат не го сруши интернетот со селфи фотографии од познати и славни личности, резултатот беше речиси ист.

Имено, во текот на доделувањето на наградите Samsung ги изненади сите во салата, но и пред малите екрани со реклама од својот најнов смартфон на преклоп, кој ќе ја има официјалната презентација денес на конферецнијата Unpacked во Сан Франциско.

- Advertisement -

На видеото, кое трае околу половина минута, не се споменува официјалното име на телефонот, но ни се прикажуваат потенцијалните можности.Најпрвин, може да се види дека телефонот има минијатурен екран од надворешната страна на кој се прикажуваат известувања за повици, пораки и сл. Понатаму, се гледа дека Samsung го задржал системот на преклоп развиен за Samsung Galaxy Fold. Освен тоа, може да се види и дека телефонот може да стои полупреклопен и да овозможи разговор или фотографирање без користење на рацете.

Ѕamsung не сака да открива многу информации за новите уреди пред официјалното претставување, но познато е дека новиот телефон може да го носи името Galaxy Z Flip и за разлика од Galaxy Fold, кој беше телефон и таблет во едно, Flip ќе биде обичен телефон кој ќе може да се преклопи за да се намали.

- Advertisement -

Екранот ќе биде со големина од 6,7 инчи, а според гласините, процесорот треба да биде Snapdragon 855 Plus со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци. Можеби најинтересната гласина е дека Galaxy Z Flip може да има и поддршка за 5G, а што се однесува на цената, наводно ќе се движи од 1.400 до 1.500 долари.

Сподели!
- Advertisement -