Телефон идеален за несмасните луѓе – отпорен на паѓање и работи под вода

- Advertisement -

CАТ телефоните последните гоидини се познати по својата издржливост и отпорност, а најновиот модел наречен S52 и тоа како е совршена комбинација од компактност, убав дизајн, отпорност и високи перформанси.

Телефонот изгледа малку поголем, подебел и потежок. Напред има Gorilla Glass заштита, рамката е направена од алуминиум, а на задниот дел им многу отпорна пластика. Кога станува збор за самата издржливост, инженерите кои го направија телефонот тврдат дека е отпорен на десет последователно падови од речиси 2 метри висина. Има и IP 68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина, а работењето под вода се подразбира.

- Advertisement -

Како и кај сите други претходни модели, и со овој телефон може да се ракува и со ракавици и е особено корисен за на терен. Има место за три СИМ картички. Една од најинтересните опции кај S52 е платформата со алатки, каде што има мноштво авторизирани апликации за различни дејности.

Во споредба со конкурентните паметни телефони на пазарот, CAT S52 најслабо им парира во однос на камерите, иако квалитетот на фотографиите е на солидно ниво.

Сподели!
- Advertisement -