Џеф Безос донира 10 милијарди долари за борба против климатските промени

- Advertisement -

Основачот на Amazon, Џеф Безос, планира да потроши 10 милијарди долари од сопственото богатство за да помогне во борбата против климатските промени. Безос е еден од најбогатите луѓе во светот, а преку Instagram објави дека летово ќе почне да дава донации на научници, активисти и непрофитни организации кои работат на заштитата на планетата.

Сакам да работам заедно со други на проширување на познатите и истражување на нови патишта во борбата против разорното влијание на климатските промени“ напиша Безос во пораката.

- Advertisement -

Amazon е компанија за е-трговија која користи фосилни горива за авионите, камионите и комбијата за испраќање на милијарди предмети ширум светот и има огромен карбонски отпечаток. Претставници од Amazon изјавија дека компанијата ќе работи на тоа 100% од енергијата која ја троши да доаѓа од соларни панели и други извори на обновлива енергија до 2030 година.

Вработените во седиштето на Amazon во Сиетл отворено ја критикуваа праксата на компанијата и ја притискаат да преземе повеќе мерки во борбата против климатските промени. Безос најави дека новата иницијатива ќе ја нарече „Безос фонд за Земјата“ („Bezos Earth Fund“). Портпаролот на Amazon потврди дека тој ќе користи сопствени средства за тој фонд.

- Advertisement -

Иако е меѓу најбогатите луѓе во светот, Безос дури неодамна стана активен во донирањето пари за разни потфати како што прават милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет. Безос го основаше Amazon пред 25 години и има удел во компанијата вреден над 100 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -