Ова е најдобра земја во светот за одгледување деца

- Advertisement -

Било да планирате да основате семејство или веќе имате деца, не би било лошо да ја разгледате Норвешка, државата кој нуди најдобра средина за одгледување нови генерации, покажа најновото истражување во кое учествуваа 180 земји. Скандинавската држава е рангирана пред Јужна Кореја, Холандија, Франција и Ирска според низа различни критериуми кои се однесуваат на добросостојбата на децата, се наведува во извештајот на медицинското списание Lancet. Во истражувањето се опфатени здравството, образованието и исхраната.

Се покажало дека водечките држави, кои исто така спаѓаат во некои од најбогатите земји во светот, имаат супериорни системи за развој на децата како што се училиштата, болниците и политикаѕа за заштита на животната средина. Најлошо на листата се рангирани Сомалија, Чад и Централноафриканската Република.

- Advertisement -

Меѓутоа, Светската здравствена организација, која меѓу 40 организации за здравство и за деца била коавтора на извештајот, наведува дека ниедна земја не прави доволно за да ги поддржи наредните генерации. Во извештајот се рангирани и земјите според нивната прекумерна емисија на јаглерод-диоксид, поточно нивните проектирани нивоа до 2030 година. Утврдено е дека многу од водечките земји во рамките на индексот за процут децата значително заостануваат во мерките за одржливост.

На таа листа Норвешка се најде на 156. место, а Америка на 173. место.

Сподели!
- Advertisement -