Калифорнија е првата држава во светот која се обврза целосно да престане да ископува нафта

- Advertisement -

Калифорнија ќе стане првата американска сојузна држава и првата држава во светот која целосно ќе ги стопира операциите за вадење нафта. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, издаде налог за државната организација CalGEM да направи планови и да ги спроведе овој план. Според плановите, до 1 јануари 2045 година ќе престане ископувањето нафта, а Конзерваторскиот оддел дотогаш ќе престане да издава одобренија за ископување нафта. Тоа значи дека дотогаш Калифорнија треба да затвори повеќе од 1.100 нафтени бушотини на нафтеното поле Меккитрик.

На калифорниските владини претставници останува да почнат да го спроведуваат планот на дело за да се усогласи со националниот план за борба против климатските промени, според кој до 2045 година треба да се стопира емисијата на штетни стакленички гасови и да дојде до карбонска неутралност.

- Advertisement -

Калифорнија е седмиот најголем производител на нафта во САД, со производство од 145 милиони барели во 2020 година, но тоа е значително помалку отколку Тексас (1,8 милијарди барели нафта). Дали некои други американски држави ќе и се приклучат на Калифорнија е тешко да се предвиди затоа што нафтената индустрија се уште е многу битен извор на приходи.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -