Балканот бара чист воздух! Заеднички протест во пет држави против загадувањето

- Advertisement -

Еколошките организации од целиот Балкан се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот.

Граѓаните ќе излезат на улиците во Скопје, Приштина, Призрен, Подгорица, Сарајево, Белград и Бања Лука на 28-ми февруари (петок), истовремено во 18:00 во знак на солидарност на борбата за чист воздух.

- Advertisement -

Во Скопје, протестот ќе се одржи пред Министерството за животна средина.

„Време е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на нашиот воздух, нашите деца и нашата иднина. За смогот граници не постојат, истото важи и за нас! Балканот бара чист воздух“, стои во најавата за настанот.

Сподели!
- Advertisement -