Нови цени на горивата

- Advertisement -

Поради повисокиот курс на доларот во однос на денарот, Регулаторната комисија за енергетика денес реши цените на нафтените деривати во земјата повторно да одат во нагорна линија. Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за просечно 1,46%.

Според одлуката на Комисијата, од ноќеска на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се покажат за 1,00 денар за литар, односно литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава 67 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 69 денари.

- Advertisement -

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, пак, ќе се зголеми за 0,50 денари во однос на минатонеделната и од ноќеска на полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 58,5 денари.

И екстралесното масло за домаќинство ќе поскапи и неделава ќе се продава по 47,5 денари за литар.

- Advertisement -

Цените ќе стапат на сила ноќеска на полноќ и ќе важат во наредните седум дена.

Сподели!
- Advertisement -