Една од најдосадните работи кога се подготвувате за патување е избирањето што да понесете со себе. Особено кога одите на дестинација каде што климата е сосема поинаква од каде што живеете или можеби е дури друго годишно време.
Затоа најчесто напролет и наесен мора со себе да понесете многу повеќе облека поради променливото време и задолжително неколку пара чевли. Тие ви додаваат на тежина на куферот и ви заземаат простор, па не можете да си купите сувенири колку што би сакале.
Но, што кога би можеле да носите само еден пар чевли, а тие да ви заменуваат неколку пара? ACBC се модуларни чевли за патување кај кои можете да ги комбинирате ѓонот и горниот дел по потреба.
Најпрвин го избирате ѓонот. Потоа го избирате горниот дел од чевлите во зависност од пригодата. На истиот ѓон може да поставите горен дел од класични чевли, од патики, од чизми итн. Горниот дел и ѓонот се спојуваат со патент.
Со ACBC можете во куферот да спакувате десет пара различни обувки за секој ден.