Највисоката дрвена зграда во Шведска ќе ја намали емисијата на CO2 за 550 тони

- Advertisement -

Скандинавската градежна компанија C.F. Møller Architects го подигна нивото на одржливата архитектура во светот со својата најнова градба – кулата Кајстаден, која е највисоката дрвена зграда во Шведска. Кулата се наоѓа во Вастерас, во близина на Стокхолм. Висока е 8,5 ката и е направена целосно од дрво. Архитектите проценуваат дека со употребата на дрво наместо бетон значи 500 тони помала емисија на јаглерод диоксид.

Кулата Кајстаден е дел од ново централно соседство во близина на брегот на Остер Маластранд. Освен рекордната употреба на дрво, новото одржливо соседство вклучува и систем за споделување електрични бродови. Освен што ќе се намали карбонскиот отпечаток на зградата, поради тоа што ѕидовите, балконите, лифтовите и скалите се направени од дрво, зградата е поцврста и енергетски ефикасна без дополнителна изолација.

- Advertisement -

Дрвената конструкција била многу полесна за изработка. Секој кат има по четири стана и просечно биле потребни четворица работници и три дена за да се изградат. Механички спојки и шрафови биле употребени за зградата да може да биде расклопена и материјалот реупотребен.

Сподели!
- Advertisement -