Компанијата која е сопственик на пивото Корона се соочува со својот најлош квартал во последните 10 години, по појавата на корона вирусот.
Anheuser-Busch In Bev поседува некои од најпознатите светски брендови за пиво, вклучувајќи ги Budweiser, Stella Artois, Beck’s и Corona. Меѓутоа, во последните два месеци откако се рашири корона вирусот во Кина, а потоа и во целиот свет, компанијата претрпе загуба на заработка во земјата од 170 милиони долари (132 милиони фунти), во период кога се очекуваше зголемена продажба заради лунарната Нова година.
Раководителите на компанијата сметаат дека падот на продажбата е предизвикан од помалиот број на луѓе кои излегуваат поради страв од вирусот.
Генералниот директор Карлос Брито за CNBC изјави: „Нашиот бизнис се заснова на ноќниот живот и излегување со пријателите. Ние се подготвуваме за скок кога работите ќе се вратат во нормала “.
(marketing365.mk)