Оваа деценија, меѓу другото, ќе ја одбележи и порастот на вселенскиот туризам. Илон Маск минатиот месец со компанијата Space Adventures договори испраќање на четворица патници во Земjината орбита во текот на 2021 или 2022 година. Неделава беше потпишан нов договор со компанијата Axiom Space, според кој кон крајот на идната година со ракетата Falcon 9 и капсулата Сrew Dragon вселенските туристи ќе тргнат на десетдневен пат во вселената, од кои осум дена ќе поминат на Меѓународната вселенска станица.
Иако ова не е прв пат приватни патници да поминат некое време на станицата, оваа мисија е важна затоа што е прво патување направено во целосно приватен аранжман без учество на НАСА. На капсулата нема многу места и идната година во вселената ќе тргнат тројца авантуристи, кои освен љубовта кон вселената, ќе треба да имаат и многу длабок џеб затоа што билетот за патување до Меѓународната вселенска станица чини 55 милиони долари. Едно од тие места веќе е резервирано.
За потсетување, минатата година НАСА најави дека има намера да ја искористи станицата за комерцијални активности, вклучувајќи и вселенски туризам, што сега ќе го искористи Илон Маск. Додека ЅpaceX ќе го обезбеди превозното средство, Axiom Space ќе се погрижи за логистиката. Од Axiom велат дека станува збор за историски лет кој означува прва од бројни човечки мисии кон станицата.