Европските аеродроми очекуваат 187 милиони патници помалку оваа година заради епидемијата на коронавирус.
ACI Europe, која го претставува аеродромскиот сектор, процени дека епидемијата би значела пад на бројот на патниците од 13,5 проценти само во првиот квартал.
Ова значи 1,32 милијарди евра изгубени приходи, пренесува Ал Џезира.
Аеродромите во Италија, каде владата воведе забрана за патување на национално ниво, се најтешко погодени. Голем број на земји воведоа препораки, во кои бараат од своите државјани да ја избегнуваат Италија.
„Сега се движиме кон целосен колапс на воздушната пворзаност и можноста за губење на најголемиот дел од нашите приходи“, изјавил претседателот на ACI Еurope, Оливер Јанковец.
Тој ја повика италијанската влада да обезбеди итна финансиска помош за аеродромите.