Хрватска забранува пораст на цените на основните продукти

- Advertisement -

Владата на Храватска синоќа донесе одлука за мерки за итна контрола на цените за одредени производи, вклучително и основни прехранбени производи, средства за хигиена, заштитна облека, медицински материјали и слично.

На списокот се вклучени брашно, млеко, млеко во прав, јајца, шеќер, сол, ориз, тестенини, свежо месо, риба, овошје и зеленчук, конзервирано месо, конзервирана храна, масло за јадење, храна за бебиња, пелени за бебиња, вода за пиење, детергент за алишта, детергент за миење садови, сапун.

- Advertisement -

Мерките се применуваат и на средства за дезинфекција на вода, простор и раце (вклучувајќи концентриран алкохол), заштитни комбинезони и друга заштитна и медицинска облека и обувки, очила и стакло, безбедносни ракавици, заштитни маски – хируршки, респиратори / транспортни вентилатори, лекови и медицински производи, како и постелнини и облека за здравствениот систем, се вели во соопштението.

Целта на таа одлука е да се спречат негативните ефекти од промените во индивидуалните цени на производите во околности на епидемија предизвикана од новиот коронавирус.

- Advertisement -

Највисока цена се смета за цената што производите ја имаа на 30 јануари оваа година, кога Светската здравствена организација го прогласи Ковид-19 за јавноздравствена закана од меѓународно значење, се вели во соопштението.

Сподели!
- Advertisement -