Бил Гејтс го напушта корпоративниот свет – ќе се посвети на хуманитарна работа

- Advertisement -

Microsoft во петокот објави дека соосновачот на компанијата, Бил Гејтс, го напушта управниот одбор на компанијата и големата информатичка компанија за да се посвети на хуманитарна работа.

Милијардерот пред повеќе од десет години се повлече од позицијата извршен директор на компанијата и основаше фондација која го носи името на неговата сопруга, Мелинда Гејтс.

- Advertisement -

Microsoft е основана во 1975 година заедно со Пол Ален, а беше на чело на управниот одбор од 2014 година досега.

„Ми беше голема чест и задоволство за работам и да учам од Бил сиве овие години. Бил ја основа нашата компанија со вера во демократската моќ на компјутерските програми и со љубов за решавање на најголемите проблеми во светот“ изјави Сатја Надела, извршниот директор на групацијата.

- Advertisement -

Гејтс е на второ место во светот според богатството, после Џеф Безос и пред Ворен Бафет на листата на Forbes за 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -