ЕЦБ најави итна помош од 750 милијарди евра во справување со коронавирусот

- Advertisement -

Европската централна банка објави итна помош од 750 милијарди евра за олеснување на влијанието од пандемијата на коронавирусот. Помошта ќе им ги откупи долговите на владите и компаниите во еврозоната, вклучително и на проблематичните Грција и Италија, пренесува Би-би-си.

Шефицата на ЕЦБ, Кристин Лагард напиша на Твитер дека нема ограничувања за нејзината обврска кон еврото.

- Advertisement -

Изминатите недели ЕЦБ и владите во светот објавија големи стимулативни планови. Таканаречената Пандемиска програма за купување во случај на нужна ситуација следи само шест дена откако ЕЦБ ги претстави мерките кои не успеаа да ги мират пазарите.

Најавувајќи го последниот чекор, Лагард нагласи дека ЕЦБ ќе направи се што е во најзина моќ да го поддржи еврото во овие „вонредни времиња“.

Сподели!
- Advertisement -