Илон Маск ќе произведува респиратори ако се јави потреба за тоа

- Advertisement -

Илон Маск, шеф на технолошката компанија Tesla, понуди неговата компанија за произведува респиратори за луѓето кои боледуваат од корона вирусот откако во САД поради недостиг на таквите уред се бараат донации.

Светската здравствена органзиација соопшти пред неколку дена дека разговара со Кина и со други држави за поголемо производство на здравствена опрема, а компаниите General Motors и Ford открија дека се во преговори со претставници од Белата куќа.

- Advertisement -

„Ќе произведуваме респиратори ако дојде до недостиг“, напиша Маск на својот профил на Twitter, одговарајќи на предлог од неговите следбеници да ја пренамени фабриката за таа цел.

Неговата објава веднаш доби стотина одговори во кои го повикуваат да го спроведе тоа. „Ако од некоја причина не веруваш дека сега има недостиг, по сите проценки, наскоро ќе има недостиг. Те молам, помогни“, му напиша еден од следбениците.

- Advertisement -

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги повика градежните компании да донираат маски за болниците и здравствените работници кои се во првата борбена линија против вирусот, а исто така и поради недостигот во целата земја.

Tesla пред неколку дена прифати да го намали бројот на работници во својата фабрика во Калифорнија. Во фабриката во Фремонт моментално работат 10.000 работници.

- Advertisement -

Маск не е првиот шеф на корпорација кој на Трамп му понуди помош преку Twitter. Основачот на банката SoftBank, Масајоши Сон, понуди милион бесплатни тестови за корона вирусот во текот на овој месец. Еден ден подоцна, после критиките дека можно е да предизвикал преплавување на болниците, понуди да донира и 1 милион бесплатни маски.

Сподели!
- Advertisement -