Корисниците на социјалните медиуми се одлучија да одговорат на човечката себичност и глупавост така што смислија нов термин за луѓето кои го игнорираат здравиот разум во текот на пандемијата со корона вирусот во светот.
Имено, на страницата Urban Dictionary се појави нов термина – „ковидиот“ (covidiot), а ги означува луѓето кои го игнорираат здравиот разум и советите да не патуваат и непотребно да се социјализираат, како и оние кои панично купуваат залихи од тоалетна хартија, средства за дезинфекција и заштитини маски. Терминот се однесува, всушност, на кој било кој оваа глобална здравствена криза на ја сфаќа зериозно, без оглед дали се тоа политичари, обичниот народ или некој трет.
Една од интересните дефиниции на „ковидиот“ е следната: „Глупаво суштество кое ги игнорира едноставните упатства и го става животот на другите во опасност“.
Исто така, глупав човек кој не се информира од веродостојни извори и се занимава со глупави мерки на претпазливост како правење залихи од продукти на сметка на своите соседи.