OН предупредува: На светот му претстои недостиг на храна

- Advertisement -

Доколку не се разболите од коронавирус, благодарение на мерките кои ги воведуваат владите во светот, тогаш тие мерки би можеле да ве остават без свежа храна, овошје и зелечук, објавува РТ.

Кога луѓето започнаа да прават залихи од тоалетна хартија и друга стока поради коронавирусот, некои земји одлучиле да воведат протекционистички мерки, вклучувајќи и забрана на извоз на одредени производи за да ги задоволат потребите на домашниот пазар.

- Advertisement -

Најлошо што може да се случи е владата да го ограничи протокот на храна – изјавил за „Гардијан“ Максимо Тореро, главен економист на Организацијата за храна и земјоделство на OН, додавајќи дека за брзо време би можеле да се соочиме со такви последици, пренесува Б92.

Во Германија, каде недостасуваат околу 300.000 сезонски работници, направена е специјална веб-страница за да им помогне на земјоделците да се поврзат со оние што можат да помогнат, како студентите и оние чии што работни места се затворени поради епидемиските мерки, а особено работниците во услужниот сектор.

Сподели!
- Advertisement -