Франција ќе купи повеќе од милијарда заштитни маски од Кина

- Advertisement -

Франција нарача повеќе од една милијарда заштитни маски од Кина за уште подобро да се справи со пандемијата на корона вирусот, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран.

Повеќе од една милијарда маски се нарачани од Франција и од странство за наредната недела и наредните месеци. Воспоставен е воздушен мост меѓу Франција и Кина за да се олесни влезот на маските на нашата територија“, изјави Веран и додаде дека на Франција неделно и се потребни околу 40 милиони маски.

- Advertisement -

Според него, Франција неделно произведува 8 милиони маски, а залихите не се неограничени. Францускиот премиер, Едуар Филип, изјави дека постои и друг начин да се задоволи големата потреба за маски, а тоа е производство на маски за специфични употреби. Таквите маски би можеле да ги користат оние кои не припаѓаат на медицинскиот персонал.

Според последните податоци, во Франција со корона вирусот се заразени 37.000 луѓе, од кои над 4.000 се на реанимација. Францускиот премиер изјави дека двонеделниот карантин за сите жители кој започна на 17 март ќе биде продолжен до 15 април. Околу 67 милиони Французи нема да смеат да излегуваат од своите домови, а доколку мораат, може само во исклучителни случаи како набавка на храна и од здравствени причини да излезат надвор.

Сподели!
- Advertisement -