Ралф Лорен донира 10 милиони долари за борба против корона вирусот

- Advertisement -

Модниот дизајнер Ралф Лорен објави дека неговата компанија донира 10 милиони долари за борба против корона вирусот, што е најголема донација од американските луксузни модни куќи досега.

Веруваме дека сите сме поврзани без оглед на тоа кои сме и што сме. Токму затоа на значајни начини се бориме за да им помогнеме на нашите тимови и заедници да ја пребродат оваа криза“, порача Ралф Лорен на својата официјална страница.

- Advertisement -

Истакнуваат дека сега, повеќе од кога било, е потребно да се поддржуваме едни со други, поради што тоа станало нивна мисија. Брендот „Ralph Lauren” нуди финансиска помош на своите вработени затоа што се свесни во какви околности се наоѓаат поради корона вирусот. Ќе им обезбедат лекови, помош за старите и изнемоштените, но и за децата, ако има потреба за тоа.

Дел од донацијата на модниот бренд ќе оди за здружението „Pink Pony Fund”, која помага во борбата ро ракот, затоа што луѓето заболени од рак се посебно ранлива група за корона вирусот. Исто така, дизајнерот ќе се погрижи и дел од средствата да дојдат до луѓето кои работат во американската модна индустрија, а се заразени со вирусот.

- Advertisement -

Во суштината на нашата компанија отсекогаш постоел духот на заедницата, кој ја поттикнува нашата креативност, самодовербата и најбитно од се, нашата поддршка едни за други. Изминатите недели и месеци тој дух ниеднаш не не издаде“, напиша Ралф Лорен.

Сподели!
- Advertisement -