Светска банка бара Г-20 да не воведува нови извозни ограничувања

- Advertisement -

Светската банка денеска ги повика земјите од Групата 20 најсилни светски економии да не воведуваат нови ограничувања на извозот на медицински средства, на храната и другите производи клучни за борбата против коронавирусот, јавија британските медиуми.

Во изјава на видео конференција на министрите за трговија на Г-20 високо рангиран претставник на Светската банка наведе дека пандемијата ќе ја турне светската економија во длабока рецесија, ќе ги наруши синџирите за снабдување и ќе ги погоди клучните економски јазли.

- Advertisement -

За да се избегне ударот на пандемијата врз најсиромашните земји, кои имаат ограничени можности за набавка на медицински средства, најголемиот светски кредитор, исто така, ги повика членките на Г-20 да ги отстранат или намалат царините на увозот на производите клучни за борбата против коронавирусот и да ги намалат или проивремено суспендираат царините и извозните такси врз храната и другите основни производи.

Сподели!
- Advertisement -