Научници направија апликација која ќе помогне да се спречи ширење на корона вирусот

- Advertisement -

Откако светот го зафати пандемијата на корона вирусот, изгледа дека целиот живот се пресели од реалниот во виртуелниот свет. Воедно, тоа поттикна и многу компании да бидат инвентивни и да осмилсат нови технолошки решенија за проблемите кои се појавија.

Еден од главните проблеми е спречување на ширењето на пандемијата. Група научници од МИТ, Харвард, Google, Facebook и познатата клиника Мајо ги здружија силите и осмислија апликација која може да помогне во следењето на ширењето на пандемијата, па дури и да го стопира.

- Advertisement -

Самиот принцип на кој работи апликацијата е многу едноставен. Сите ја инсталираат апликацијата и таа следи секаде каде се движат луѓето. Кога некој од корисниците ќе добие наод дека е позитивен на корона вирусот, во апликацијата може да притисне на копчето „Check overlap”, односно апликацијата да провери кој се бил во негова близина. Истовремено, сите кои се сретнале со таа личност, а ја имаат инсталирано апликацијата, ќе добијат информација дека биле потенцијално изложени на зараза. Потоа треба да се стават во самоизолација или ако забележат симптоми, да се јават на лекар.

Апликацијата „Private Kit: Safe Paths” е достапна за iOS и Android и целосно е бесплатна. Авторите на апликацијата тврдат дека целосно е безбедна и ја штити приватноста на корисниците затоа што само дели кодирани податоци со мрежата. Никој ги нема сите податоци на едно место, туку се споделуваат која корисникот ќе каже дека треба да се споделат, односно ако дојде до зараза.

- Advertisement -

Идејата е многу едноставна и оригинална, но единствениот проблем е што за да функционира, мора да ја инсталираат што повеќе луѓе. Засега ја имаат инсталирано неколку десетици илјади корисници.

Сподели!
- Advertisement -