Донација од Макпрогрес за медицинска опрема и за децата од СОС Детското село

- Advertisement -

Макпрогрес доо Виница со донаторски активности. Донираше финансиска помош од 500.000 денари на посебната  донаторска сметка на Министерство за здравство со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници, донација во храна за СОС Детското село и донација на заштитна опрема за локалните институции.

Во исклучително тешкиов период за сите нас и предизвикот со кој сите се соочуваме, Макпрогрес Доо Виница една од водечките прехрамбени индустрии во Македонија е силно посветена кон задоволување на потребите на населението посебно водејки грижа за здравјето и заштитата на своите 730 вработени. Како општествено одговорна компанија ја информираме јавноста дека уплативме финансиска помош од 500.000 денари за донаторската сметка на Министерство за здравство, а со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници. Во меѓувреме силно делуваме и локално и регионално снабдувајки ги локалните институции со потребна заштитна опрема како маски, скафандери, ракавици и срества за дезинфекција. Покрај овие две донации, оваа недела се реализира и донацијата во храна за СОС Детското село во Скопје, сé со цел да дадеме поддршка на нашите пријатели за полесно справување со ситуацијата во која се наоѓаме.

- Advertisement -

Макпрогрес Виница е една од водечките домашни прехрамбени индустрии со над 700 вработени и извоз во преку 50 држави ширум светот. Под капата на Макпрогрес се добропознатите брендови Винчини, Сончева Долина, Армониа, Натура, Фантасиа и Дониа.

Нашите препораки се да ги следиме упатствата од Минитерството за здравство и СЗО, да се грижиме за себе и за тие околу нас, да бидеме искрени и посветени. Само така ќе можеме да се справиме со пандемијата.

Сподели!
- Advertisement -