Quantum светскиот форум во Скопје: Запознајте ги иноваторите на следната генерација хотелски технологии

- Advertisement -

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo.  Форумот има за цел да ги поврзе иноваторите, хотелиерите и технолошките компании во областите на вештачката интелигенција, cloud технологиите и дистрибутивните канали.

Quantum форумот е првенствено наменет за хотелиерите од земјава кои ќе имаат единствена можност за размена на знаења и искуствa со водечки професионалци од туристичката индустрија, технолошкиот сектор и онлајн платформите. Да стекнат знаењаи кои ја обликуваат новата дигитална иднина на хотелскиот бизнис.

- Advertisement -

Присутните ќе имаат можност од врвни експерти за туризам да добијат информации за најновите трендови во индистријата, потоа како анализата на податоците, автоматизацијата и вештачката интелигенција можат да помогнат да се трансформира работењето на хотелите.

Како хотелите и туристичките капацитети да ја зголемат ефикасноста на бизнисот, да ги зголемат директните резервации, да го оптимизираат приходот и намалат зависноста од посредници, и како да го подобрат искуството на клиентите. Како хотелите да воспостават подобра контрола врз цените, директни контакти со клиентите и зголемена лојалност.

- Advertisement -

Да се запознаат со  иновативната платформа Quendoo, како и со дигиталните искуства од регионот, и примери за хотелски капацитети кои за краток период оствариле 30% зголемување на директните резервации и до 20% поголем нето-приход по резервација.

Форумот е за хотели, но и за мали и средни туристички објекти, од бутик хотели до вили и апартмани, кои сакаат подобро и поефикасно да работат, но и за туристички агенции и институции кои сакаат да ја дигитализираат туристичката понуда.

- Advertisement -

Свои обраќања ќе имаат реномирани и искусни експерти од областа, а листата да се види на следниот линк. Да се регистрирате овде.

- Advertisement -