Ако корона вирусот не ги помати плановите на екипите од Microsoft, кон крајот на годината би требало да се појави нивниот смартфон со кој сакаат да тргнат во освојување на нов мобилен пазар. Инженерите на компанијата се одлучија на поинаков пристап во однос на конкуренцијата и развиваат уред со три екрани.
Патентот открива дека екипата од Microsoft сака да направи минијатурен екран кој ќе го постави помеѓу два големи екрани. Тој екран би требало да помогне кога ќе се отвори уредот да нема празен простор меѓу екраните и дека на на сите екрани ќе има една иста содржина. Секако, прашањето што се поставува е колку ќе биде видлив преминот меѓу тие екрани и дали од Microsoft имаат некој ас во ракавот со кој ќе го сокријат преминот и ќе направат целина од трите екрани.
Исто така, тој дополнителен мал екран би можел да има две страни за кога уредот ќе се склопи на другата страна да прикажува известувања за повици, пораки, сотојбата на батеријата итн. Бидејќи е патент, Microsoft, може но не мора да се одлучи да го направи. Решението несомнено е интересно и претставува иновација во однос на телефоните кои моментално се достапни на пазарот. Исто така, таквиот уред би бил алтернатива за телефоните со флексибилни екрани, кои уште имаат проблеми со издржливоста на екранот и ќе помине некое време додека да се усовршат.