Симулација на тоа како едно кашлање може да го рашири корона вирусот во супермаркет

- Advertisement -

Истражувачи од Финска направија симулација на тоа како капките кои ги исфрла некој заболен од корона вирус ако се накашла додека се наоѓа во супермаркет стојат во воздухот неколку минути и патуват низ рафтови, на тој начин заразувајќи ги сите купувачи во близина.

Универзитетот Алто, Финскиот метеоролошки институт, Техничкиот истражуваќки центар на Хелсинки VTT и Универзитетот на Хелсинки истражиле како аеросолите кои се испуштаат од респираторниот тракт кога кашламе, киваме или дури и кога зборуваме патуваат низ воздухот.

- Advertisement -

Според прелиминaрните резултати, ситните честички на корона вирусот може да останат во воздухот подолго отколку што се мислеше. Четирите истражувачки организации секоја посебно направиле посебно моделирање користејќи ги истите услови.

„Некој што е заразен со корона вирус може да се накашла и да си замине, но зад себе ќе остави многу ситни аеросоли кои го носат корона вирусот. Тие честички може да навлезат во респираторниот тракт на другите луѓе во близина“ велат од Универзитетот Алто.

Сподели!
- Advertisement -