Хрватските роботи на Gideon Brothers се вклучуваат во борбата против пандемијата

- Advertisement -

Откако почна пандемијата на корона вирусот и присилно беа затворени вратите на многу компании, се пробуди заедништвото и потребата да се здружат силите за да се помогне во борбата да се вратиме на нормален живот. Некои компании почнаа да печатат заштитни визири, други да шијат заштитни маски, а трети работат на развој на респиратори.

Хрватската компанија Gideon Brothers, која произведува роботи, сака да се вклучи во борбата против корона вирусот. Извршниот директор и соосновач на компанијата, Матија Копиќ, на својот профил на Facebook објави интересна идеја – нивните автономни роботи да се пренаменат наместо за работа во складишта за работат во болници и да ги дезинфицираат просториите во кои не смеат да влезат луѓето. Тој ги повика сите на кои им е интересна оваа идеја да го контактираат.

- Advertisement -

Како што изјави Матија за Dnevnik.hr, нивните решенија се во концептуална фаза, но идејата е на нивните мобилни роботи, кои многу успешно се движат во затворени простори и соработуваат со луѓето, да се монтираат дополнителни хардверски елементи и да се оспособат за работа како дезинфекција, транспорт на стоки и детекција на покачена температура кај луѓето. Целта е да се избегне непотребно изложување на луѓето на потенцијално опасни задачи.

Во поглед на роботите за дезинфекција, имаат две опции – модел опремен со UVC светла и модел за распрскување дезинфекциски средства. Роботите може и да ја олеснат доставата на опрема и средства во големи објекти. Како што вели тој, времето за развој на овие решенија во голема мера ќе зависи од специфичното сценарио на имплементација, па затоа и се одлучиле за јавна комуникација за развојот да се забрза максимално. Исто така, според него, премногу е рано да се каже колку ќе чинат таквите системи затоа што и цената зависи од специфичната примена. Но, потенцира дека за роботите кои ќе ги прават за болници, автобуски или железнички постојки итн. во текот на борбата со корона вирусот тие ќе се одречат од секаква заработка. Тоа значи дека роботите ќе чинат толку колку што чинат материјалите за да се произведат и ни денар повеќе.

- Advertisement -

Тој потврди дека веќе се во контакт со разни јавни и приватни организации.

Сподели!
- Advertisement -