Јужна Кореја воведува алки за следење на тие што не ја почитуваат самоизолацијата

- Advertisement -

Јужна Кореја планира да воведе електронски алки за луѓето кои ги кршат правилата на самоизолација како дел од напорите на владата за ограничувљње на ширењето на корона вирусот.

Премиерот на Јужна Кореја, Чунг Сај-Кјун, изјави дека тие мерки се воведени поради загриженоста заради бројот на луѓе кои ги кршат правилата. Преку алката ќе може да се следи движењето на самоизолираните личности како и преку нивните мобилни телефони.

- Advertisement -

Јужнокорејските власти веќе имаат апликација за следење на луѓето во самоизолација. Во земјата има 10.480 заразени луѓе, а починати се 211. Веќе една недела бројот на нови случаи дневно е помалку од 30, што упатува на тоа дека постојано се намалува бројот на заразени случаи и остар пад во однос на 900 случаи дневно на крајот на февруари.

Јужнокорејските здравствени власти уште се загрижени поради бројот на увезени слуќаи на заразата, патници кои постојано стигнуваат заразени во земјата. Корејските власти во петокот објавија и дека 91 човек кои закрепнале од болеста повторно се позитивини на корона вирус. Се планира тестирање за да се провери дали закрепнатите луѓе имаат лични антителна и дали и понатаму се заразни.

Сподели!
- Advertisement -